fbpx

Блок: Политиката на Холандија кон Македонија е строга, но фер

-

Референдумот е дел од демократскиот процес и останува на вашите граѓани да го донесат единственото решението за земјата, изјави шефот на холандската дипломатија, Штеф Блок, по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров.

Тој истакна дека е охрабрен од исклучителниот напредок што Македонија го постигна во кус период, и оти сега претстои да се види напредокот во спроведувањето на законодавните пакети, реформите во правосудството, разузнавачките служби и јавната администрација.

– Преку една длабока и тешка политичка криза ѝ честитаме на Македонија за напредокот што го постигна во еден таков кус период и што ја врати земјата на реформскиот пат – рече Блок.

Според него, Договорот со Грција за прашањето со името е огромен историски чекор, со кој политичките лидери на Македонија и Грција покажале храброст и лидерство да го затворат долгогодишниот спор.

Тоа, посочи тој, доведе до покана за членство во НАТО, што покажува дека добра волја и храброст можат да решат долгорочни прашања, да го зајакнат мирот и стабилноста и да го започнат реформскиот процес заснован на вредности.

– Холандија ја поддржува и перспективата за членство во ЕУ на Македонија. Нашата политика е строга, но фер, кога земјата ќе ги исполни предусловите ќе го поддржиме пристапниот процес за ЕУ во јуни 2019 година – рече Блок.

Димитров се заблагодари за постојаната поддршка што Холандија ја пружа на Македонија, посочувајќи дека оваа година се одбележуваат 25 години од дипломатските односи со Холандија, со која земјава има традиционално пријателство.

– Холандија има политика на стриктно и фер во однос на процесот на пристапување во ЕУ, ние ја поддржуваме оваа политика, бидејќи наша цел е не само да станеме членка, туку и да ја направиме нашата држава европска – рече Димитров.

Тоа, рече тој, ќе го постигнеме преку реформите во правосудството, борбата против корупцијата и начинот на кој ќе го направиме тоа е поважно од тоа кога ќе станеме членка на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...