Марко Блажевски го собори државниот рекорд на 200 метри во слободен стил, поставен од Александар Маленко пред 20 години, и го освои 48. место меѓу 100 пливачи во оваа дисциплина на 12. Светско првенство во 25-метарски базени, што од 3 до 7 декември се одржува во Доха.
Блажевски ја исплива патеката за 1:49,80 минути, подобрувајќи го досегашниот рекорд на Маленко за 55 стотинки, а остварениот резултат е подобар за 4,46 секунди во однос на пријавеното време.
Блажевски на шампионатот ќе настапи и на 100, 200 и на 400 метри во мешан стил и на 200 метри во стилот пеперутка.