!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Благој Бочварски е кандидат за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ


       
Скопје, 1 септември, 2017 - 20:19 (META) 

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Благој Бочварски, е кандидат за градоначалник на Штип од редовите на оваа партија на претстојните локални избори на 15 октомври.

Кандидатурата за градоначалник, Бочварски ја објави на својот фејсбук-профил.

„Ќе бидам идниот градоначалник на Штип, а градот ќе биде вистински центар на Истокот и најубавиот град во Македонија. Мојот предизвик е да ги обединам сите граѓани, без разлика на партиската и на етничката припадност“, напиша Бочварски.