fbpx

Бизнисмени во трка за градоначалничка функција

-

Вклучувањето на бизнисмени во партискиот и во политичкиот живот има повеќе аспекти. Од една страна, ако станува збор за успешни бизнисмени, нивната кандидатурата е и политички профитабилна, особено на локални избори кога мал број гласови прават голема разлика. Освен што нивните вработени се и нивни потенцијални гласачи, фактот што се успешни работодавци праќа добра порака и кон сите други граѓани, во чии приоритети, според сите релевантни испитувања на јавното мислење, влегува и локалниот економски развој, пишува „Вистиномер“.

Меѓутоа, релацијата политика – власт, од една страна, и бизнис – компанија, од друга страна, има и една друг агол на перцепција. Имено, бизнисмените кога ќе дојдат на јавна функција, може да ја (зло)употребат позицијата во корист на својата или своите компании или, пак, на компаниите на блиски роднини. Тие не мора да го направат тоа на груб и директен начин, туку постојат безброј креативни начини како, со помош на функцијата што ја вршат и моќта што извира од неа, евентуално да го поддржат или барем да го заштитат бизнисот, без притоа да го прекршат законот.

Компании на неколку актуелни градоначалници и кандидати за градоначалници добивале тендери од државни органи и институции, раководени од нивни сопартијци, што претставува судир на интереси во поширока смисла на зборот. Потоа, некои од нив добивале и државни концесии во време кога партијата од која доаѓаат била централна власт, односно имале пристап до ресурс за развивање на бизнисот.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....