fbpx

Бизнисмени од Западен Балкан во посета на Јапонија за развивање на деловнa соработка

-

Претседателот на Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија, Глигор Цветанов, како дел од делегацијата на Коморскиот инвестициски форум, учествува на повеќедневна посета на Јапонија, во насока на развивање на деловните односи помеѓу Јапонија и земјите од Западен Балкан, информираат од Стопанска комора.

„Во рамките на посетата, Глигор Цветанов учествуваше на првиот бизнис-семинар за земјите од Западен Балкан, кој денеска се одржа во Токио. Настанот, на кој што присуствуваа повеќе од 140 јапонски стопанственици, е организиран од страна на Министерството за надворешни работи на Јапонија, Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО) и Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан“, се вели во соопштението.

Од Комората информираат дека јапонските стопанственици на регионот на Западен Балкан гледаат како на единствена целина, со важна геостратешка локација, што ги поврзува Европа, Африка и Азија.

„Следејќи ја иницијативата на јапонскиот премиер Шинзо Абе за унапредување на економската соработка на Јапонија со земјите од Западен Балкан, се очекува зголемување на интересот за инвестициски активности од страна на јапонски компании. При тоа, беше посочено дека за јапонските стопанственици, реформските процеси кои државите од Западен Балкан ги спроведуваат како дел од нивните активности за пристапување кон Европската унија, претставуваат гаранција за стабилноста и предвидливоста на деловното опкружување во овие земји, кои се клучни параметри за компаниите кои ќе се одлучат да инвестираат во регионот“, се додава во соопштението.

Делегацијата на Коморскиот инвестициски форум во текот на следната недела ќе оствари работни средби во Министерството за надворешни работи на Јапонија, во Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), Институтот за бизнис-менаџмент и технологија, а ќе реализира посети на повеќе јапонски компании, вклучувајќи ги „Гликопиа“ и „Панасоник“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...