fbpx

Бизнисмени, адвокати и судија осомничени за организиран криминал

-

Одделот за организиран и за сериозен криминал на МВР, во вторникот минатата недела до надлежното јавно обвинителство поднел кривична пријава против осум лица, македонски и странски државјани, осомничени како членови на организирана криминална група, а се товарат за повеќекратна злоупотреба на службена положба и овластување, за перење пари и други приноси од казниво дело и за помагање, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, кривични пријави се поднесени против П.Т. (69) од Лондон, Велика Британија, со привремен престој во Гевгелија и поранешен управител во гевгелиската фирма „Југосвен“;  А.Р. (64) од Гевгелија, поранешен управител во „Корона интернационал“ ДОО Скопје, во „Југосвен Гевгелија-турист“ и во „Корнелија“ ДОО од Гевгелија; Л.К. (45) од Скопје, поранешен управител со ограничени овластувања на „Корона интернационал“; З.Ш. (56) од Гевгелија, адвокат на „Југосвен Гевгелија-турист“, фирмата „Стелар интернационал“ од Маџуро, Република Маршалски Острови и полномошник во „КХЛП“ ДООЕЛ од Скопје; Ж.К.П. (48) од Гевгелија, адвокат на „Стелар интернационал“ од Маршалските Острови; Ј.М. (45) од Гевгелија, адвокат на „Ајтона холдинг“ од Панама и на „Стелар интернационал“; С.К. (60) од Штип, судија во Основениот суд во Гевгелија, како и против Б.Ф. (44) од Екеро, Шведска, овластен потписник на сметката на „Стелар интернационал“.

Криминалот за кој се товарат осомничените го сториле во периодот од 2004 до 2007 година, кога, првоосомничениот П.Т., како што информираат од МВР, заедно и со помош на другите пријавени, извршил неоснован пренос на капитал од една во друга фирма со што биле избегнати даночните обврски што фирмите „Југосвен Гевгелија-турист“ и „Корнелија“ ДОО, Гевгелија (со двете работни едници „Аполонија казино“ и „Хотел Југо Гевгелија“) ги имале кон Управата за јавни приходи (УЈП).

„Од овие две правни лица во периодот од 2004 до 2007 година, неосновано се префрлал капиталот, преку склучување лажни (непостоечки) договори како да се извршени менаџерски, консалтинг-услуги и агентура, врз основа на кои се подготвувани лажни фактури со кои се создале непостоечки побарувања за фактички неизвршени услуги, во вкупен износ од 254.811.657 денари или 4.143.425 евра, со што го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување“, стои во соопштението на МВР за случајот.

Поголемиот дел од парите, информираат од министерството, во вкупен износ од околу 2,1 милиони евра, осомничените ги присвоиле во корист на нивните поврзани фирми „Стелар интернационал“ и „Корона интернационал“ ДОО и ги пуштиле во оптек, при тоа „користејќи сметки во странски банки“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...