fbpx

Битолското ВМРО-ДПМНЕ тајно се всели во новите партиски простории

-

Општинскиот комитетот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Битола, без најава, речиси тајно, се пресели во новите партиски простории во центарот на градот.

Партијата минатата година стана сопственик на зградата на поранешната дирекција на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ во Битола.

Како што дознаваме, пред малкумина партиски истакнати членови, висок свештеник од Преспанско-пелагониската еперхија ги осветил просториите.

Оваа преселба, пак, е целосно поинаква од претходната кога по разделбата со Љубчо Георгиевски, ВМРО-ДПМНЕ се смести во црковен објект покрај Широк сокак, а пред стотици партиски членови говореше лидерот на партијата, Никола Груевски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Валентина Марковска, вели дека за новите партиски простории немало свечено отворење, туку дека веднаш се почнало сп работа, па за утре во 10.30 часот најави заедничка прес-конференција со директорите на локалните претпријатија во градот.

На новинарско прашање зошто директорите на јавните претпријатија, кои се под општинска капа, ќе држат прес-конференција во партиски простории, Марковска одговори дека се работело за проекти на Владата.

Новите простории на ВМРО-ДПМНЕ во Битола се веднаш до хотелот „Епинал“, а на истата улица е и седиштето на битолскиот разгранок на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...