fbpx

Битолскиот музеј со проект за санација на Офицерскиот дом во Битола

-

Со проект за санација и за ревитализација на Офицерскиот дом, Завод и музеј Битола влезе во годишната програма на Министерството за култура за 2017 година.

Засега не се знае колку средства ќе бидат издвоени за изработка на проектот, кој треба да понуди решение за обнова на еден од најмаркантните објекти на Широк сокак, кој последната деценија е претворен во руина.

– Покрај тоа што Владата јавно објави дека ќе бидат издвоени 2 милиони евра за санација и за ревитализација на Офицерскиот дом во Битола, ние, како Завод и музеј, добивме средства од Национална програма за култура за годинава за изработка на проект за обнова на објектот. Проектот за Офицерски дом ќе биде според сите стандарди и прописи – вели директорот на Завод и музеј Битола, Зоран Алтипармаковски.

Инаку, Алтипармаковски вели дека остатоците од големиот кристален лустер на Офицерскиот дом во Битола, која лани во април падна под неразјаснети околности, се подигнати и се обезбедени во Музејот. Според стручно изработен проект, додава тој, оваа година лустерот ќе се реставрира. Не само стручната јавност во Битола, туку воопшто граѓаните ја чекаат информацијата од истрагата од кои причини лустерот падна и дали, можеби, бил предмет на кражба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...