fbpx

Битолскиот музеј ќе ги заѕидува капиите на битолската тврдина Џепане

-

Завод и музеј Битола ќе ги заѕидува капиите на познатата битолска тврдина Џепане, додека не се најдат средства за негова санација и заштита. Ваквиот потег е со цел да се заштити објектот од понатамошни кражби и уништување на имотот.

Директорот на Завод и музеј Битола, Зоран Алтипармаковски, вели дека Музејот изработил елаборат за валоризација на Џепане и го испратил до Управата за заштита на културното наследство, по што се чека овој објект да биде прогласен за споменик на културата од права категорија.

-Пред шест месеци го добивме Џепането од Владата на користење. Сега чекаме од Управата да го прогласи за културен споменик од прва категорија, за да можеме да аплицираме со проекти до Министерството за култура за обнова и ревитализација на овој објект. Во меѓувреме размислуваме како да се заштити од понатамошно уништување, затоа што се е украдено од внатре, сега се носат и ќерамидите – вели Алтипармаковски.

Битолската тврдина, наречена Џепане, е изградена во 1876 година, во форма на крст со вградени четири уникатни објекти од делкан камен. Објектот е сместен на ридот на поранешната битолската касарна и се смета за врвно архитектонско остварување на смилевските мајстори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...