fbpx

Битолски екологисти: Градоначалникот Талески да прави разлика помеѓу политика и партија

-

Градоначалникот Талески мора да прави дистинкција помеѓу партиско и политичко дејствување, го посоветуваа членовите на здружението „За нас се работи“ откако тој вчера обвини дека нивните активности имаа„политички намери“.

Два дена пред најавениот втор протестен марш на здружението, кое бара почист воздух во Битола, активистите испратија порака до градоначалникот: „Не сакаме да омаловажуваме ниту, пак, сметаме дека тоа е начин на комуникација, но заради сите изјави на градоначалникот и други политички фактори во градот, ќе им порачаме дека мора да прават разлика меѓу политичко и партиско дејствување.
Според Душко Груевски, портпарол на здружението, политиката е начин на дејствување, а нивната политика е да дејствуваат непартиски.

– Ќе си ги бараме нашите права во согласност со законите во државата. И ако се мисли на тоа, да, ние дејствуваме со нашата политика. Но, ако мислат на партиско дејствување, ние се оградуваме од најголемата сè до најмалата партија и им порачуваме, секој што мисли да ќари од овој проблем што значи живот на граѓаните на Битола, нека си купи билет во еден правец и нека ја напушти Битола бидејќи тие не им го мислат доброто на градот – рече Душко Груевски, портпарол на здружението.

Само два дена пред најавениот протест на здружението, кој е закажан за сабота во 11.30 часот, вчера градоначалникот на прес-конференција најави низа активности за подобрување на амбиенталниот воздух во градот, при тоа обвинувајќи го здружението за манипулирање со овој проблем.

– И покрај сите наши напори, се продолжува со една непријатна, некултурана или, благо кажано, некоректна кампања против Битола. Мислам дека крајно време е да не се злоупотребува чувствителната тема со аерозагадувањето. Прво РЕК е во друга Општина. РЕК не го направивме ние. Каде беа овие луѓе кога ги имавме акциите за пошумување, значи заклучуваме дека имаат други намери, политички намери – рече Талески.

Здружението „За нас се работи “ го потврди протестот за сабота, а ќе се маршира по Широк сокак сè до зградата на Општина Битола.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...