fbpx

Битолчани ѝ го честитаа докторатот на Јанкулоска со транспарент „Честито аболиција“

-

Група млади битолчани утринава со герила-акција ѝ го честитаа докторатот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Со транспарент „Честито аболиција“, двајца млади луѓе влегоа на свечената промоција на доктори на науки, во ректоратот на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, каде Јанкулоска свечено беше промовирана за доктор на науки на Факултетот за безбедност.

Упадот ги остави без збор присутните во салата. Дури пет минути по настанот, ректорот на Универзитетот, Сашо Коруновски, им се извини на присутните.

– Се извинуваме за инцидентот. Со гордост можеме да кажеме дека секој кандидат што успеал да стигне до титулата доктор на науки како степен на стручна подготовка, поминал низ сериозен процес на селекција – рече Коруновски, повторно извинувајќи се за инцидентот.

dav

Кратко по настанот, промоторот на Јанкулоска зборуваше за нејзините дострели во кариерата, особено напоменувајќи го нејзиниот министерски мандат од 2006 до 2015 година. Тој нагласи дека Јанкулоска во овој дел од нејзината кариера потпишала 159 правни акти во името на Република Македонија.

Денеска на битолскиот Универзитет беа промовирани 14 доктори на наука, од кои три во областа на безбедноста, титула со која се закити и Јанкулоска. Таа на промоцијата беше во придружба на својот сопруг Влатко Илиевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...