fbpx

Биста на Сноуден осамна сред Њујорк

-

Група уметници вчера поставија биста на Едвард Сноуден во паркот во Бруклин во Њујорк, но властите веднаш ја прекриле бистата со сина кеса за да ја сокријат од очите на јавноста.

Денеска бистата е отстранета, како и натписот „Сноуден“ на постаменот на кој бил поставена во паркот Форт грин.

Некои туристи и жители на Њујорк, сепак, се фотографирале пред постаментот.
Бистата од гипс, тешка околу 40 килограми, била поставена пред зора на споменикот „Призон шип Мартирс моњумент“, споменик посветен на 11.500 американски воени заробеници кои починале во заробеништво на британските бродови во војната за независноста (1775-1783).

Непознатите уметници за порталот „Мешабл“ изјавиле дека ова место е намерно избрано за Сноуден да се смети во „историскиот континуитет кој почнал од почетокот на оваа земја“, а „се темели на идеалите за слобода, дека владата не може да ги затвора и контролира“.

Триесет и едногодишниот Сноуден е американски информатичар, поранешен вработен во американската национална агенција за безбедност НСА, кој во 2013 годинс откри неколку американски програми за масовно следење. Тој е обвинет за шпионажа и засега живее во егзил во Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...