fbpx

„Билд“: Масакрот во Париз е почеток на нападите во Европа?

-

Минатонеделните терористички напади во Париз би можеле да бидат првиот бран напади што допрва ќе ја зафатат Европа, јавува германскиот весник „Билд“, цитирајќи извештаи на американската разузнавачка агенција НСА, која успеала да пресретне комуникација меѓу лидерите на Исламска држава.

Париз е посочен како прв од серијата планирани напади на европските градови, која го вклучува и Рим, пишува „Билд“, притоа не откривајќи го целиот план за нападите.

Американската НСА, наводно, има информации дека Шериф и Саид Кауши, браќата што го извршија масакрот во францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, имале контакти во Холандија.

Зголемена е спремноста на полициските служби откако разузнавачите дознале дека Амеди Калибали, терористот што ги уби полицајката во Монруж и уште четири лица во супермаркетот, веројатно активирал заспана терористичка ќелија, која има цел да ги нападне безбедносните служби.

На интернет се појави видеозапис од Калибали, во кое тој се заколнува на верност на „Калиф Ибрахим“, исто така познат како Абу Бакр ал-Багдади, самопрогласен лидер на ИД. Во интервјуто, Калибали соопштува дека се поделени во две групи и оти спремаат напади врз полицијата.

Шериф Кауши претходно соопштил дека бил обучен и финансиран од разгранокот на Ал Каеда од Јемен.
Во саботата, еден од лидерите на Ал Каеда од Јемен, Харит ал-Надхари објави видеозапис во кој се заканува со нови напади во Франција.

– Војници кои го сакаат Алах и се негови гласници се меѓу вас. Тие не се плашат од смртта. Тие бараат маченичка смрт во име на Алах – вели Ал-Надхари.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во петокот, по кулминацијата на крвавите настани, предупреди дека заканата со која се соочува Франција, сè уште не е завршена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...