This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Dec 15 7:03:09 2018 / +0000 GMT

Бијонсе триумфираше на „Ем-ти-ви видео-музички награди“




Поп-пејачката Бијонсе доби најголем број награди на годинешните „Ем-ти-ви видео-музички награди“, за кои церемонијата за доделување се одржаа вчеравечер во „Медисон сквер граден“ во Њујорк.

Од 11 номинации, Бијонсе си замина со осум награди, меѓу кои и тие за најдобар видеоспот на женски изведувач, кореографија, монтажа, како и главната награда за видеоспот на годината за песната „Formation“ од нејзиниот последен албум.

Таа имаше настап во кој изведе пет композиции од албумот „Lemonade“, а изведбата ја посвети на жртвите на поплавите во Луизијана.

Калвин Харис ги доби наградите за најдобар видеозапис на машки изведувач за „This Is What You Came For“, за кој соработуваше со Ријана, и за најдобар електронски видеоспот за „How Deep Is Your Love“.

Женската група „Фифт хармони“ победи во категоријата за најдобра соработка за „Work From Home“ со раперот Ту Дола Сајн.

Дрејк ѝ ја додели наградата за животно дело на Ријана, а тој доби награда за најдобар хип-хоп видеоспот за „Hotline Bling“.

Post date: 2016-08-29 15:46:21
Post date GMT: 2016-08-29 13:46:21
Post modified date: 2016-08-29 15:46:21
Post modified date GMT: 2016-08-29 13:46:21

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com