fbpx

Биди креативен и помогни на СОС Детско село

-

„Биди креативен и помогни“ е пораката со која се повикуваат сите граѓани да го дадат својот придонес во мисијата за испраќање на децата од СОС Детско село на летен одмор во рамки на донаторска кампања „Од срце за срце“.

Кампањата која почнува денеска е во организација на СОС Детско село, Шпаркасе банка и Медиа-принт Македонија..

Во јуни 100 креативни дела ќе бидат публикувани во книга под наслов „Од срце за срце“, од чија продажба средствата ќе бидат донирани во СОС Детско село. За најдобрите три дела следуваат подароци.

Граѓаните, како што е наведено во соопштението, ќе може да се вклучат и со донирање, во согласност со своите можности, преку посебната трансакциска сметка на СОС Детско село во Шпаркасе банка, број 250-1010002868-04. Донациите ќе може да се реализираат и со повик на хуманитарниот телефонски број 143-456 на сите три мобилни оператори . Секој повик чини 1118 денари со вклучен ДДВ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...