fbpx

Бибер: Владата во Македонија може да го разбие циклусот на цинизам за проширувањето на ЕУ

-

Новата влада во Македонија може да биде импулс за разбивање на циклусот на цинизам што владее во Европската Унија и во земјите од Западен Балкан, во однос на проширувањето на Унијата, вели Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и член на советодавната група за политиките за внесување на Балканот во Европа, во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“.

Бибер го дефинира ваквиот став одговарајќи на прашањето за тоа која, според него, е најважната причина за забавувањето на процесот на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, односно дали е тоа „заморот од проширување“ кај ЕУ или, пак, недостигот од волја за реформи во регионот.

Според него, станува збор за ситуација што наликува на прашањето за јајцето и за кокошката, односно дека двете работи не може да се раздвојат.

– Недостигот од волја за реформи се темели на фактот дека земјите од Западен Балкан не ги гледаат наградите во однос на членството во ЕУ. Дури и заморот е одвраќање, а политичките лидери на ЕУ чувствуваат дека не можат да го промовираат проширувањето бидејќи нивните граѓани не го сакаат тоа, што не е сосема искрено. Да, повеќето граѓани на ЕУ се скептични за проширувањето, но, од друга страна, проширувањето не е прашање со висок приоритет. Проширувањето не им се допаѓа многу, но истовремено не се ниту особено против. Ако владите на ЕУ направеа повеќе во ситуацијата, можеа да го протуркаат проширувањето. Но, владите се дефокусирани од сите други кризи и не сакаат да вложат енергија во тоа. Недостигот од реформи во регионот и недостигот од посветеност во ЕУ се во симбиоза. Мора да се скрши циклусот – вели Бибер.

Во тој контекст, тој нагласува дека одговорот можеби е во нова влада и како пример ја наведува Македонија.

– Новата влада е очигледно многу посветена на реформите и на желбата за враќање на патот кон ЕУ и тоа може да помогне во ставање крај на статус кво шемата. Во моментов, државите од Западен Балкан се цинични околу тоа дека ЕУ навистина не ги сака, а ЕУ е цинична дека регионот не е подготвен да ѝ се приклучи. Граѓаните се цинични во однос на нивните влади и во однос на ЕУ. Тие мора да го разбијат овој циклус на цинизам и да кажат: „Ако имаме заедничка цел и сме посветени на пристапувањето во ЕУ, можеме да направиме нешто“. Можеби новата влада во Македонија ќе биде импулс за промена на овој вид на динамика – заклучува Бибер.

Интервјуто со Бибер е направено за време на Форумот за граѓанско општество што се одржа во Трст на 11 и 12 јуни оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...