fbpx

„Би-би-си“: Тереза Меј в среда ќе биде именувана за нов премиер на Велика Британија

-

Британската министерка за внатрешни работи, Тереза Меј, в среда навечер ќе биде именувана за нов премиер на Велика Британија, откако истиот ден актуелниот премиер Дејвид Камерон ќе ја депонира својата оставка, јавува „Би-би-си“.

Во изјава дадена надвор од премиерската резиденција на Даунинг стрит 10, Камерон рекол дека в среда на кралицата ќе ѝ ја понуди својата оставка во Бакингамската палата.

Тереза Меј остана единствен кандидат за нов лидер на Конзервативната партија, а со тоа и за нов премиер на Велика Британија, откако нејзината противкандидатка, министерката за енергетика Андреа Лидсом, денеска соопшти дека се повлекува од трката.

Камерон, кој е премиер од 2010 година, соопшти дека ќе се повелече од фукцијата веднаш по референдумот на 23 јуни на кој Британците гласаа за излегување на земјата од Европската Унија.

Тој најавил дека последниот состанок со неговиот кабинет ќе го одржи утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...