fbpx

БГНЕС: „Античкиот“ Димовски најверојатен кандидат за наследник на Груевски

-

Во централата на ВМРО-ДПМНЕ најчесто се споменува името на Илија Димовски како најверојатен кандидат на Никола Груевски на местото претседател на партијата, наведува бугарската новинска агенција БГНЕС во текстот посветен на најновиот развој на настаните во најголемата опозициска партија во Македонија.

Како што коментира БГНЕС, Димовски, како еден од членовите на извршниот комитет на партијата кои уживаат најголема доверба на сегашниот претседател Груевски, е еден од најсилните заштитници на веќе сопрениот проект „Скопје 2014“ и на политиката на „антиквизација“.

Според бугарската агенција, 37-годишниот Димовски лично го раководеше блокирањето на парламентот на почетокот на годината, со користење на парламентарните процедури за да се блокира изборот на новата влада, што доведе до крвавите настани во Собранието.

БГНЕС потсетува дека во петокот, во интервју за македонски „Курир“, Никола Груевски објави дека ќе си поднесе оставка пред органите на партијата и оти се надева дека тоа ќе помогне за разврска на ситуацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...