fbpx

Безбедносните служби подготвени да реагираат во случај на нов бегалски бран

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска има работна средба со раководителите на институциите задолжени за справување со кризната состојба, намалување на ризикот од терористички напади и за безбедност на изборниот процес.

„На средбата, директорите на Агенцијата за разузнавање, Управата за безбедност и контраразузнавање, Бирото за јавна безбедност, државниот секретар во МВР и претставници на Генералштабот на АРМ го информираа претседателот Иванов за заканите и за ризиците со кои се соочува Република Македонија, за степенот на ризик за загрозување на безбедноста на државата, начинот на функционирање, предвидените сценарија, планските активности, слабостите и за капацитетите за одговор“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.

Оттаму потсетуваат дека заради постојаната закана од илегална миграција „која доаѓа од територија на членки на НАТО и на ЕУ“ во Македонија, од август 2015 година до јуни 2017 година е прогласена кризна состојба и активиран е кризниот менаџмент со здружен воено-цивилен штаб за заштита на границите и за обезбедување на коридорите.

На работната средба било констатирано дека разузнавањето, армијата и полицијата имаат подготвено план и сценарија за одговор во случај на зголемување на ризиците по безбедноста на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...