fbpx

Без проблеми се одвива релокацијата на бегалците од Идомени

-

Околу 1.500 бегалци од утринава заминаа од бегалскиот камп во Идомени. Околу 30 автобуси од кампот ги пренесуваат бегалците до бегалските центри на периферијата на Солун. Подготвени се шест стари индустриски хали и магацини каде ќе бидат сместени луѓето.

Акцијата за релокација на бегалците се одвива мирно, без инциденти. Релокацијата е планирано да продолжи до доцна вечерва. Грчката влада се надева до крајот на неделава сите бегалци, околу 8.000 да се пренесат во бегалските центри и да се расчисти делот околу македонско-грчката граница, но и да се отвори и железничката пруга која е блокирана повеќе од два месеци.

Потпаролот на координативното тело за справување со бегалската криза Јоргос Кирицис соопшти дека имаат готови околу 6.000 места во центрите, а во текот на неделата ќе се довршат и другите за да има простор за сите. За бегалците во соработка со УНХЦР се обезбедени и 660 станови во Солун.

Префектот на северна Грција, Апостолос Ѕиѕикостас кој минатата недела поднесе тужба со барање да се среди ситуацијата на Идомени упати нова критика до владата, барајќи да не се дозволи Солун да стане ново Идомени.

Областа кај Идомени е целосно излирана, под контрола на 1.400 полицајци и два полициски хеликоптери. Полицијата има наредба акцијата да биде мирна, без употреба на сила. Во кампот освен полицијата се само претставниците на организации како УНХЦР и Доктори без граници кои непречено продолжуваат со своите активности, помошта и делењето храна на бегалците. До кампот немаат пристап ниту волонтерите, ниту новинарите, освен екипите на грчката државна телевизија ЕРТ и новинската агенција АПЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...