fbpx

Бесплатно лекување и за лица до 18 години од семејства корисници на социјална помош

-

На денешната 68. седница на Владата, е донесена програмата за измени и дополнувања на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) која што покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18 годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош за 2018 година.

Исто така, на денешната седница на предлог на Министерството за транспорт и врски, владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа. По добивањето на анализите од страна на задолжените институции, Министерството за транспорт и врски ќе достави акциски план за подобрување на состојбата на општинската патна мрежа.

Владата на донесе Решение за формирање на Комисија за спроведување на реформи во пензискиот систем која што ќе биде должна да информира за текот на спроведување на активностите за имплементација на истите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...