fbpx

Бесплатниот превоз остави 15 ученици од Карбинско дома

-

„Задолжителното средно образование на родителите од плачковичките села им донесе секојдневен трошок. Општината Штип нема обезбедено превоз за 15 ученици што живеат во планинските села од општината Карбинци“, посочи Изет Ибрахими, кој е и советник во општината Карбинци.

Тој истакна дека родителите на тие деца се принудени секој ден со сопствени возила да ги носат на училиште.

– Како и лани, и оваа години на нашите средношколци од селата Оџалија, Парналија и Кучица не им се обезбедува превоз. Општината Штип треба да се погрижи за ова. Веќе две години нема превоз, а според законот, нашите деца треба да одат на училиште – вели Ибрахими.

Според Ибрахими, поголем дел од децата воопшто не одат на училиште бидејќи нема превоз, ниту, пак, места во интернат. Родителите стравуваат од казни. Минатата година децата добија свидетелства преку класен испит, додека поголем дел од годината седеле дома, поради тоа што Општината не им обезбедила превоз.

За Општината, понудите на превозниците се прескапи. Според градоначалникот Илчо Захариев, превозниците барат по 800 денари од дете.

– Цените на превозниците беа енормно високи, но ние направиме тие деца сепак да го завршат образованието. Сега тече тендер, ама не можеме да прифатиме дневен билет од 800 денари до 35 километри, ако имаме предвид дека до Кочани и до Виница билетот е 90 денари. Превоз треба да има, ама не по секоја цена – изјави Захариев.

Општината, која годишно троши по 22 милиони за превоз на учениците, најави дека доколку не се постигне поволна цена, ќе распише нов тендер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...