fbpx

Бесими се сретна со регионалниот директор на УНИЦЕФ

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, се сретна со Мари Пјер Поарие, регионален директор на УНИЦЕФ за Источна и за Централна Европа и за Заедницата на Независни Држави, со која разговарал за мерките и за активностите што се преземаат во Македонија, во насока на справување со бегалската и мигранската криза.

„Вицепремиерот Бесими за време на разговорот истакна дека Македонија прави сè што е во нејзините можности и надлежности за соодветно справување со состојбата, пред сè, заштита на животот и на здравјето на мигрантите, заштита на националната и јавната безбедност и заштита на јавното здравје, а особено во насока на сузбивање на илегалниот транспорт на мигранти и на трговијата со луѓе. Меѓу другото, тој истакна дека на Македонија ѝ е неопходна и понатамошна помош од Европската унија и од билатералните партнери, во насока на што Секретаријатот за европски прашања организира донаторски состаноци со меѓународната заедница“, се вели во соопштението од СЕП.

Двајцата соговорници за време на разговорот ги поздравиле заклучоците од мини-самитот и се согласиле дека само со колективен прекуграничен пристап, базиран на солидарност, одговорност и на прагматична соработка меѓу националните, регионалните и локалните власти може да се постигне успех во справувањето со предизвикот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...