fbpx

Беса: Зврлевски е разрешен уште со формирањето на СЈО, ова сега е само формалност

-

Пратениците на Беса во Собранието на Република Македонија ќе гласаат „за“ на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој, како што изјави пратеникот Фадил Зендели, е разрешен уште со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, а ова сега е само формалност.

– Беса ќе гласа за разрешување поради тоа што Зврлевски е протагонист во неправдата кон Албанците, но притоа не можеме да не споменеме дека до сега ниту СЈО не ги исполнило очекувањата на Албанците. Албанците со право очекуваат вистинска правда при разветлувањето на случаите „Сопот“, „Монструм“, како и расветлување на случајот „Куманово“ – рече Зендели.

Пратеникот нагласи дека се „иритирани“ од образложението за разрешувањето на Зврлевски што вчера го презентираше заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, бидејќи во случаите што тој ги наведе како основа за разрешување на јавниот обвинител поради несовесно, нестручно и незаконско вршење на функцијата, ги нема „Сопот“ и „Монструм“.

– Она што иритира е образожението на Владата. Според заменик-министерот за правда, причини се законски пропусти пропишани со Законот за обвинтелство. Во образложението се споменуваат неколку случаи, но сите знаеме дека во Македонија се поведени судски постапки во кои Албанците беа жртви, како „Сопот“ и „Монструм“. Ниеден од овие случаи не е наведен како причина. Се поставува прашањето дали оваа Влада ги поддржува овие случаи – рече Зендели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...