fbpx

Берлин: Со амнестијата, Иванов го прекрши Договорот од Пржино

-

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, со амнестијата за политичарите и за нивни соработници го прекрши Договорот од Пржино, оценува официјален Берлин, објави „Утрински весник“.

Портпаролот на германското МНР, Мартин Шефер, одговарајќи на новинарско прашање, денеска објасни дека Берлин веќе подолго време со загриженост го следи развојот на настаните во Македонија.

„Германската влада е многу загрижена поради состојбата во Македонија. Во Македонија работите веќе подолго време не одат добро. Од почетокот на политичката криза, германската влада е многу ангажирана заедно со Европската комисија да посредува во потрага по компромис. Сето време цврсто ја поддржуваме мисијата на еврокомесарот Јоханес Хан, кој изрази особена загриженост поради најновиот развој на политичката криза по одлуката на претседателот Иванов да прогласи амнестија за лица за кои Специјалното обвинителство би можело да поведе постапка и со тоа ризикуваше да го урне тешко постигнатиот договор меѓу власта и опозицијата“, вели Шефер.

Тој вели дека во оваа фаза е тешко да се каже што ќе се случи и дали постојат услови за да се одржат избори за шест недели и дали ќе ги признаат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...