fbpx

Бензинот и нафтата поскапуваат за 1,5 денар

-

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ бензините и дизел-горивото поскапуваат за еден и пол денар по литар.

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,94, односно за 3,31 отсто.

Според одлуката, еден литар „еуросупер“ од 95 октани, од утре ќе се продава по цена од 69 денари, а „еуропсупер“ од 98 октани ќе чини 71 денар за еден литар.

Новата цена на дизел-горивото ќе изнесува 54,5 денари за еден литар.

Со одлуката на РКЕ, за 1,688 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1НС, кој сега ќе се продава за 27,928 денари за еден килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, од РКЕ ги посочуваат за 5,3 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,542 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...