Бензините поскапуваат од ноќеска на полноќ


       
Скопје, 3 септември, 2018 - 13:22 (META) 

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се зголемуваат во просек за 2,33 проценти, одлучи Регулаторна комисија за енерегетика.

Цената на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за еден денар и ќе изнесува 72 денари за литар.

Бензинот „еуросупер БС-98“, дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,50 денари за литар.