fbpx

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за денар и половина

-

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и половина, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „eуросупер БС-95“ изнесува 71 денар за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 73 денари за литар додека новата цена на „еуродизелот“ ќе изнесува 62,5 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 1,96 проценти. РКЕ ја донесе одлуката врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...