fbpx

Белград вети 50 милиони евра за српските области во Косово

-

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека во наредните 18 месеци ќе бидат вложени повеќе од шест милијарди динари (околу 50 милиони евра) додатни инвестиции во српските области во Косово.

После седницата на Владата на Србија со претставници на Србите од Косово на кој присуствуваше и Вучиќ, рече дека тие инвестиции ќе бидат искористени за започнување на работата на одредени фабрики на северот на Косово, изградба на голем Клинички центар на Косовска Митровица. Додаде дека ќе се вложи и во помош на земјоделците, правење туристички центар, вложување во инфраструктура и патишта, водовод и универзитет.

Најавувајќи го денешниот состанок, директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Џуриќ, рече дека ова е „најсеопфатниот пакет на помош и поддршка за српскиот народ во Косово“.

Колку точно пари ќе бидат дадени за Косово не е познато, а никој досега не одговори ни за бројните злоупотреби за кои се говори со години наназад.

Вучиќ во март оваа година рече дека Србија за Косово, на различни начини, годишно дава помеѓу 520 и 530 милиони евра, но неколку месеци подоцна изјави дека „не може се да биде апсолутно транспарентно и дека некои вложувања се тајни“.

Долгогодишното истражување на новинарите на порталот „Инсајдер“ покажа дека стотина илјади евра дневно, под изговор патриотизам и опстанок на Србите на Косово, одат во Косово по разни осново и без никаква контрола и дека парите најчесто не стигнуваат до оние на кои им се навистина потребни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...