fbpx

„Бела ноќ“ за официјален почеток на летната сезона во Охрид

-

Официјалниот почеток на летната туристичка сезона во Охрид ќе биде означен со манифестацијата „Бела ноќ“, која ќе трае од 3 до 5 јули. Главниот акцент ќе биде на 4 јули, сабота, кога ќе се одржи централната манифестација на градскиот плоштад Свети Климент Охридски. Угостителските објекти ќе работат со продолжено работно време, а во сабота со неограничено работно време.

– На 4 јули со почеток во 21 часот, на градскиот плоштад концерт ќе одржат „Слаткаристика“, Тајзи и групата „Саунд месинџерс“, во која е и охриѓанката Симона Поповска. Она што требаше да биде спектакл на вечерта беше планираниот настап на Боби Мојсоски, но, за жал, заради професионалните обврски кон продукцијата „Икс фактор“, истиот ден ќе мора да настапи во Белград. Неговиот настап пред охриѓани, сепак, ќе биде само одложен и ќе се одржи во текот на летото – најави Ѓоко Апостолов од секторот за туризам и локален економски развој при локалната самоуправа во Охрид.

На малиот плоштад ќе има презентација на традиционални занаети и вештини, во соработка со неколку невладини организации, а ќе бидат претставени и туристичките производи на градот.

Младата музичка ѕвезда, Боби Мојсоски, кој извонредно се претстави во последната сезона на „Икс фактор“, истакна дека токму денеска ја добил веста дека треба да настапи во Белград вечерта кога беше планирано да пее во Охрид.

– Сакам да им се заблагодарам на сите што ми дадовте поддршка. Кога се пријавив на шоуто, главна цел ми беше промоција, но, ете, стигнав до самото финале. Сите знаеме дека најголемата поддршка ја добив од охриѓани. Желбата да настапам на 4 јули пред моите сограѓани и пред туристите навистина е огромна, но, за жал, денеска ми стигна порака дека мора да настапам во Белград. Јас сум обврзан да го почитувам договорот со продукцијата, но едвај чекам повторно да се претставам пред моите охриѓани – рече Мојсоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...