fbpx

Бектеши: Еднакви услови за домашните и за странските компании

-

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска одржа работна средба со Пинто Рикардо, кој е тим-лидер на проектот за ревизија на индустриската политика 2009-2020 година во Македонија.

На средбата министерот Бектеши беше информиран за анализата со која ќе бидат идентификувани индустриските сектори што имаат потенцијал за економски развој и за зголемување на извозот, а ќе биде изработена во рамки на проектот, во соработка со Министерството за економија.

Министерот Бектеши на Рикардо и на неговиот тим им понуди целосна поддршка за периодот од 12 месеци, колку што ќе трае проектот.

Проектот, во соработка со Министерството за економија, до септември ќе излезе со извештај кој ќе произлезе од спроведените анализи за активностите на индустрискиот сектор, а ќе содржи предложени мерки за забрзување на неговиот развој.

Проектот за ревизија на индустриските политики 2009-2020 е поддржан од Европската Унија со буџет од 250.000 евра, кои ќе се користат за анализа на работата на индустриските сектори во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...