fbpx

Бејли: Законот за јазиците треба да биде во рамките на Охридскиот договор

-

Американскиот амбасадор Џес Бејли смета дека законот за јазиците треба да биде во рамките на Охридскиот договор и притоа да создаде инклузивно општество.

– Законот за јазиците треба да остане во рамките на Охридскиот договор, како важен договор. Ова е важно прашање за кое треба да се разговара и да се најдат решенија кои ќе создадат инклузивно општество и инклузивен политички систем, а кое истовремено ќе го зачува единството и заедничката цел на сите државјани на земјава – рече Бејли во интервју за телевизијта „Алсат-М“, одговарајќи на прашање дали очекува законот да биде прифатен од сите етнички заедници.

Во однос на деполитизацијата на институциите, која е дел од планот „3-6-9“, американскиот амбасадор вели дека таа е можна, но дека потребно е време за да се почувствуваат ефектите.

– На луѓето им треба време да се навикнат на новите начини на работење. Тука во институциите има долга историја на политичка култура. Тоа нема да го надминете преку ноќ. Треба да одите чекор по чекор и кога ќе се свртите, ќе ги видите големите реформи кои секогаш почнувале со неколку мали чекори – вели Бејли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...