fbpx

Бејли: Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата

-

Американскиот амбасадор Џес Бејли изрази загриженост поради новонастаната ситуација, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не му го додели мандадот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада.

„Се согласувам со еврокомесарот Јоханес Хан. Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата и на владеењето на правото, кои се клучни вредности на НАТО“, напиша Бејли, споделувајќи ја изјавата на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика.

Хан синоќа преку социјалната мрежа „Твитер“ порача дека сите лидери, вклучително и претседателот, мора да го почитуваат исходот од последните избори и дека во демократија мора да се признае парламентарното мнозинство, иако некому тоа можеби не му се допаѓа. Тој додаде дека политичките лидери и институции треба да дозволат демократските процеси да течат, во интерес на граѓаните.

Иванов во своето обраќање до граѓаните рече дека нема да го даде мандатот „на човек или партија кој има платформа за уривање на суверенитетот, интегритетот и на самостојноста на Македонија“. Тој, исто така, побара меѓународната заедница да го осуди мешањето на Албанија и на Косово во внатрешните работи на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...