fbpx

Бејли: САД работат на тоа да ја видат Македонија во НАТО

-

САД работат на тоа да ја видат Македонија како станува дел од НАТО, било тоа да е преку поддршка на реформите за зајакнување на демократијата или вежби како што е „Змеј заштитник 17“ (Dragoon Guardian 17), изјави амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во Куманово, за време на заедничката воена вежба на македонската и на американската војска.

Амбасадорот Бејли потсети дека следната недела заменик претседателот на САД, Мајк Пенс, во Црна Гора ќе се сретне со лидерите на Самитот на Јадранската повелба. Tој нагласи дека минатиот месец во Вашингтон, Пенс истакнал оти политиката на НАТО за отворена врата мора секогаш да остане таква за сите земји што ги споделуваат вредностите.

Американскиот амбасадор информираше дека оваа година речиси 600 војници од Македонија ќе учествуваат на мултинационални вежби спонзорирани од САД во Европа.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, нагласи дека вежбата „Змеј заштитник 17“ е одлична можност за зајакнување на билатералната соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД.

– Уверена сум дека ова вежба ќе биде одлична можност за зајакнување на подготвеноста на нашите единици, ќе придонесе за подобрување на интероперабилноста и ќе ја приближи АРМ кон високите критериуми на нашите партнери од САД – рече Шекеринска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...