fbpx

Бејли: Оставките на Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески не се доволни

-

Оставките на двајцата министри и шефот на контраразузнавачкиот сервис беа важни, но, секако, не беа доволни и затоа беше формирано специјално обвинителство заради истрага на прашањето на правна одговорност кое произлегува од прислушуваните разговори, изјави амбасадорот на Соединетите американски држави во Македонија, Џес Бејли во синоќешното интревју во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-М“.

„Има процес и во Собранието преку Анкетната комисија за ова прашање. Тоа не е важно само за утврдување одговорност, можеби повеќе политичка, туку да се излезе и со препораки за да се превенираат вакви настани во иднина. Овие процеси се во тек, тие се многу важни, тие се дел од процесите на отчетност, а не само оставката на една или друга личност“, вели американскиот амбасадор во интервјуто.

На прашањето дали специјалниот обвинител може да функционира без предходни темелни реформи во судството, Бејли смета дека е перфектно можно Јанева да ја работи својата работа, како што веќе започна, да ги разгледа случаите, да види дали има простор за предмет и да поднесе обвинение ако е потребно.

„Посветени сме да му помогне на судскиот систем за да може независно да работи, што попрофесионално, во тек е реформа на Законот за кривична постапка и ние го помагаме тоа. Тоа е подолгорочен процес и мислам дека е перфектно можно специјалниот обвинител да спроведе истраги и да ги изнесе своите случаи. Се разбира, не можам да кажам како ќе судат судиите, тоа не е нашата улога“, рече Бејли.

Во врска со исполнувањето на Договорот од Пржино и преговорите кои се во тек, а произлегуваат од него, Бејли вели дека договорот предвидува три суштински работи, а тоа е враќање на политичкиот дијалог во институциите, особено во Собранието, потоа да се воспостави одговорност од нелегално прислушуваните разговори и нивната содржина и третата работа – да се овозможат кредибилни и транспаретни избори.

„Мислам дека, секако, е возможно во април да има кредибилни и транспарентни избори. Но, времето е кусо, членовите на Државната изборна комисија (ДИК) треба да се изберат, да почнат со работа, да се комплетира помошниот професионален персонал и многу критички да се утврдат правилата, упатствата со кои ќе се проверува избирачкиот список. Ние имаме експерти, некои се веќе овде, кои можат да помогнат. Работите може да се придвижат нанапред, но тоа мора да се направи во наредните денови и недели“, вели Бејли.

Тој потенцира дека на преговорите за медиумите, кои се во тек, во моментов се разговара околу прашањата за јавниот сервис „за да се осигура дека е институција која на непартиски начин и служи на јавноста“. Во однос на владините реклами, прашање за кое има загриженост, Бејли вели дека „правилата за владино рекламирање мора да бидат одредени на транспарентен и разбирлив начин и тие реклами да и служат на јавноста и да немаат партиски цели“.

„Тие имаат исклучително значајна улога во воспоставувањето услови за фер избори“, додава американскиот амбасадор.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...