fbpx

Бејли: Не очекувам промена на политиката кон Македонија по изборите во САД

-

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на „Фејсбук“ оствари комуникација во живо со македонските граѓани за претседателските избори во САД.

На прашањето да ги прокоментира надворешните политики на двајцата кандидати, Хилари Клинтон и Донал Трамп, Бејли истакна дека како федерален претставник, тој не смее да дава поддршка на некој од кандидатите, но истакна дека политика кон Македонија нема да се промени.

– Јас сум дипломат 31 година, и под републиканците и под демократите, но можам да кажам дека интересот на САД нема да се промени и покрај изборите, кога се однесува на надворешната политика. Американската политика кон Македонија е константна во последните 20 години, помагајќи ѝ на Македонија да стане просперитетна демократија, која ќе се интегрира во НАТО и во Европската Унија. Тоа е нашиот интерес, а мислам и интерес на повеќето Македонци. Не очекувам поголема промена на политиката кон Македонија, според досегашното искуство – рече Бејли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...