fbpx

Бејли: Не бев во Собранието, гласањето го следев на телевизија

-

По обвинувањата од руското Министерство за надворешни работи дека амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, бил во Собранието во текот на гласањето за почнување на уставните измени, тој вчера за телевизијата 21 ги негираше таквите тврдења, велејќи дека гласањето го гледал на телевизија, од неговата дневна соба.

– Јас тој ден работев во мојата канцеларија, учествував на настанот организиран од амбасадата вечерта и како повеќето граѓани на Македонија го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба – вели Бејли за телевизијата 21.

Како што вели тој пред камерата на ТВ21, сè што сториле од амбасадата на САД е изјавата со која го поздравиле гласањето.

– Јасно е дека се апсурдни обвиненијата дека САД нелегално се вмешани и влијаеле на гласањето во Собрание, тоа е апсурдно. Како што изјавивме, ние го поздравивме гласањето во Собранието на Македонија за иницирање на уставни измени и спроведување на Преспанскиот договор – вели Бејли.

Пред два дена Руското МНР обвини дека 8-те гласа од опозицијата се обезбедени со уцена, закани и поткуп.

„Пратениците се затворија во канцелариите, телефоните им беа одземени, се чини во духот на европската демократска пракса. Вреди да се спомне дека американскиот амбасадор бил во Парламентот до крајот на седницата, нешто што остава сомнеж за тоа кој го раководел овој процес“, порача во соопштението руското МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...