fbpx

Бејли: Многу е важно да се има непристрасен и транспарентен судски систем

-

„Предизвиците со кои се соочува Македонија укажуваат на фактот дека е многу важно да имате непристрасен, транспарентен, независен судски систем. Тоа е нешто што го посакуваат вашите граѓани, како и граѓаните на секоја земја“, изјави денеска во Скопје америкaнскиот амбасадор Џес Бејли, пренесе „Утрински весник“.

– Прашањето за довербата на македонското општество во правосудството е прашање за македонските граѓани. Овде сме да им помогнеме, да ја поттикнеме таа доверба. Нема да судам дали системот е подготвен да суди за овој или оној случај. Предизвиците со кои се соочува Македонија укажуваат на фактот дека е многу важно да имате непристрасен, транспарентен, независен судски систем. Тоа е нешто што вашите граѓани го посакуваат и што го посакуваат граѓаните на секоја земја – рече Бејли запрашан дали македонското правосудство има капацитет да решава случаи како „Пуч“.

Тој, во изјавата по обраќањето пред учесниците на обуката за примена на новиот Закон за одредување на видот и одмерување на висината на казната, истакнува дека клучна компонента на секој правосуден систем е довербата што ја ужива кај граѓаните. Според резултатите од анкетата од минатиот септември, додава, довербата на граѓаните во македонското судство е ниска, со оглед дека две третини од нив изјавиле дека немаат доверба во судството.

– Денешниот семинар се однесува токму на еден од елементите што се важни за градење на довербата во правосудството преку обезбедување насоки за изрекување на казните. Тие ќе овозможат да се осигури дека за слични криминални дела направени под слични криминални факти и околности, ќе бидат изрекувани слични казни. Тоа досега не беше случај во Македонија, а во одреден степен ниту во САД. Но, ние развивме систем на насоки за изрекување казни кои за судиите обезбедуваат рамка при нивното изрекување во индивидуални случаи со комбинирање на неколку фактори. Сепак, најважната придобивка од овие насоки-водилки е зголемување на транспарентноста, правичноста и на предвидливоста, што сè заедно води кон зголемување на довербата на граѓаните во нивното правосудство. Затоа ова е многу важен чекор и иако можеби на изглед е техничко прашање, воопшто не е. Тоа е многу важна работа за да се обезбеди основниот елемент, кој е потребен во секоја демократија – порача амбасадорот Бејли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...