fbpx

Бејли: Има тензии, има поделби, но важно е институциите да функционираат

-

Договорот од Пржино останува добра основа за надминување на политичката криза во земјата, изјави денеска американскиот амбасадор, Џес Бејли, на завршниот настан од проектот на УСАИД за меѓуетничката интеграција во образованието.

– Зборувавме за ова многупати, не знам дали има Пржино еден, два, три… Имавме систем поставен од мај до јули 2015 година, кој предвидуваше кризата да се реши со враќање во Собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат, и потоа да продолжиме со реформските приоритети. Сметам дека тоа останува добра основа за да одиме напред. Ако ги погледнете овие елементи, мислам дека може да видите начин како да одиме напред – рече Бејли, одговарајќи на новинарско прашање дали е потребен трет дел од Дговорот од Пржино 3 за решавање на двегодишната политичката криза.

Сепак, тој истакна дека одлуката за следните чекори треба да ја донесат лидерите на политичките партии.

– Ние остануваме партнер и пријател на Македонија, сакаме да помогнеме процесот да се движи напред, но на крајот од денот, сè зависи од вас, од граѓаните, од вашите лидери, од тоа да профункционираат демократските институции. Има тензии во општеството, има поделби и важно е институциите да ги приближуваат граѓаните – рече американскиот амбасадор.

Во однос на доделувањето на мандатот за формирање влада, Бејли повтори дека очекува претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита својата одлука.

– Сметаме дека тоа не беше правилна одлука и се надеваме дека ќе ја преиспита. Мислам дека е важно демократските институции да функционираат и во тоа се содржани решенијата – рече Бејли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...