fbpx

Бејли: Ако нема одговорност за прислушуваните разговори, земјата ќе остане во криза

-

„Нашите пораки се исти со тие што ги кажаа пријателите од ЕУ. Сега е најважно да се имплементира Договорот од Пржино и да се отвори пат за изборите од страна на четирите политички партии“, вели американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за „Утрински весник“, одговарајќи на прашање со какви пораки или предлози ќе дојде помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд.

Според него, доколку може да се одржат избори, тие не треба да бидат одложени.

– Тие може да ја одведат земјата напред со влада која е целосно легитимна и не е инфицирана од скандали. Реформски приоритети очигледно се тука, исто така. Постојат старите прашања за владеењето на правото и за медиумите, така што многу е важно владата да исчекори напред околу нив. И трето е прашањето на одговорноста што го вклучува Специјалното јавно обвинителство, бидејќи ако не се воспостави одговорност за прислушуваните разговори и за содржината откриена во нив, земјата ќе остане заглавена во кризата – вели Бејли.

Во однос на работата на Специјалното јавно обвинителство, Бејли вели дека тоа дали канцеларијата на СЈО ќе може да спроведе истраги на непопречуван и професионален начин е вистинскиот тест за владеењето на правото во земјата.

– Врз основа на извештаите на ЕУ, на нашите оценки, па и на анкетите на македонските граѓани, постои недоверба во вашиот судски систем. Процесот што се бара е предизвик за судството и според нашето искуство што го имаме од работата со судовите и со јавните обвинителства, верувам дека има судии во Македонија кои се сосема способни да процесуираат случаи на непристрасен начин, во согласност со правилата и со процедурите. Тоа е вистински предизвик за интегритетот на судскиот систем и одговарањето на тој предизвик ќе ви помогне земјата да оди напред – додава Бејли во интервјуто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...