fbpx

Бегалците од Идомени повторно го блокираа автопатот Солун – Евзони

-

Бегалците од Идомени започнаа нов протест и блокада на автопатот Солун – Евзони кон македонско-грчката граница, јавува грчката телевизија „Мега“. Според телевизијата неколку стотици бегалци се распоредени на двете страни на автопатот и покрај сите мали патчиња кои водат кон автопатот со цел да не дозволат пристап на возилата.

Утринава на автопатот немало проблеми и македонските граѓани кои патуваат кон Солун слободно поминале, но во моментов тој е блокиран.

Седнати на автопатот бегалците скандираат со барање да се отвори границата за да си заминат од кампот кај Идомени, каде повеќе од еден месец живеат во очајни, нехигиенски услови. Во кампот се позачестено е и физичкото насилство. Пред неколку дена беше забележан инцидент каде бегалец беше нападнат со нож.

Поради протестот се создаваат колони возила и камиони од двете страни на автопатот и чекаат протестот да се расчисти за да го продолжат патот. Меѓу возачите се создава и тензија поради неочекуваниот протест.

Утринава, пред протестот на бегалците, свој симболичен протест во знак на незадоволство што државата сè уште не успева да го испразни кампот кај Идомени одржаа и неколку десетици граѓани од локалната заедница. Тие го блокираа мостот кај реката Вардар во насока кон Идомени, каде според официјалните бројки се заглавени 11.318 луѓе.

Градоначалникот на областа Пеонија, Христос Гуденудис истакна дека нервозата расте и кај бегалците, но и кај жителите кои се во и околу Идомени. Тој изрази и стравување да не дојде до судири меѓу бегалците и локалните жители.

Бегалците продолжуваат да доаѓаат од Солун и околните градови кон Идомени секојдневно, наводно поради информации дека границата ќе се отвори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...