fbpx

Бегалците ќе чекаат до 18 март за конечна одлука на ЕУ

-

Поплавени од пороен дожд, некои во шатори, некои под отворено небо, меѓу кал, на студено време над 13.000 бегалци на Идомени ја чекаа одлуката од Брисел дали ќе им биде дозволено да го продолжат својот пат кон Германија или не.

Изутринава ситуацијата таму е уште полоша. Кал, магла, поплавени шатори и накиснати алишта кои се сушат на гранките.

Илјадниците бегалци и покрај лошите временски услови остануваат таму, а невладините организаци стравуваат дека поради лошото време може да дојде до нови здравствени проблеми и дополнително влошување на и онака стравичните хигиенски услови во кампот.

Пред да започне дождот неколку стотици бегалци одржаа мирен протест на пругите во знак на револт по одлуката да не бидат пропуштани бидејќи доаѓаат од градови во Сирија кои не се сметаат загрозени бидејќи не се дел од повоената зона.

За конечните одлуки за бегалската криза илјадниците бегалци низ Грција ќе мора да почекаат до 17 и 18 март, за кога европските лидери договорија да бидат прецизирани конечните детали. Маратонските преговори во Брисел за бегалската криза завршија со основен договор меѓу Европската Унија и Турција за намалување на бројот на бегалци кои се пропуштаат кон Грција.

По повеќе од 15 часа договори, основните договорени точки меѓу Брисел и Анкара се Турција да ги прифати назад сите нелегални мигранти од Грција и од грчките острови, кои би биле транспортирани на сметка на ЕУ, да се забрза процесот за либерализација на визниот режим за Турција, забрзување на процесот на исплаќање финансиска помош од 3 милијарди евра за Турција и да се отворат нови поглавја во пристапните преговори.

Грчката страна оценува дека е успешно што ЕУ се фокусирала на договор со Турција отколку врз одлуките од Вишеградската група за затворање на балканската рута. Премиерот Алексис Ципрас на заминување истакна дека на Самитот не била изолирана Грција, туку државите кои посакувале да ја изолираат од ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...