fbpx

Бегалци од Иран и од Авганистан блокирани на албанско-грчката граница

-

Албанија е привремена дестинација за десетици бегалци чија намера е да пристигнат во Западна Европа. Група бегалци кои доаѓаат од Авганистан и од Иран беа блокирани на албанско-грчката граница.

Граничната полиција на Гирокастро соопшти дека блокирани се 14 бегалци од Авганистан и од Иран. Тие биле запрени од албанската полиција во близина на границата Какавија.

Бегалците потоа, според меѓународниот договор помеѓу двете земји, им беа предадени на грчките погранични власти.

Бројот на иранските бегалци кои одат накај Албанија е мал. Најголемиот дел од бегалците доаѓаат од Сирија и од земјите од Северна Африка.

Поголемиот дел од бегалците кои се обидуваат да влезат во Албанија се предадени на грчките власти, а само 34 беа прифатени и им се одобри престој во Албанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...