fbpx

Бегалка од Сирија почина во бегалски камп кај Солун

-

Млада бегалка од Сирија почина во бегалскиот камп Софтекс во Солун. 29-годишната девојка, според информациите во Грција, имала епилепсија и починала од ненадеен епилептичен напад вчера вечерта. Во моментот кога го имала нападот, во кампот немало доктор да ѝ помогне. Бегалците повикале и брза помош, која пристигнала на местото со еден час задоцнување.

Кога пристигнале медицинските лица, девојката веќе била почината. Брзата помош ја пренела во болница во Солун, каде била констатирана смрт и ѝ била извршена обдукција. Бегалката во кампот била со својот сопруг од Сирија.

Случајот предизвика голема вознемиреност и тензија во кампот меѓу бегалците. Луѓето почнаа протест и бунт поради фактот што немаат соодветна медицинска помош во секое време, иако голем број од луѓето имаат сериозни здравствени проблеми и живеат во мизерни услови во кампот. Група бегалци првично го блокираа патот кон Солун, палеа и канти за отпадоци во знак на револт, а потоа стотина бегалци тргнаа пеш кон Солун во знак на протест против ситуацијата во која живеат во бегалските центри низ Грција.

Кампот Софтекс се наоѓа на простор на стара фабрика за хартија. Во и околу фабриката се поставени мали бели шатори во кои живеат бегалците и пластични тоалети и тушеви. Во кампот, според владините бројки, има 1.381 бегалец, а самиот камп има капацитет за 1.900 луѓе.

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, вети дека од септември овие привремени кампови ќе се затворат и бегалците ќе бидат префрлени во попристојни кампови со бунгалови наместо со шатори.

Ова не е прв случај на смрт на бегалец во Грција. Во Идомени еден бегалец загина во сообраќајна несреќа откако беше повлечен од полициско возило кое минуваше низ кампот, а минатиот месец загина младо момче во физички судири во кампот Елинико кај Атина.

Бегалците со месеци реагираат дека условите за живот се очајни и дека немаат ниту соодветна храна, медицинска помош и полициска заштита.

Во Грција, според официјалните бројки, има 57.075 бегалци. На грчките острови до утрово пристигнале 118 нови бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...