fbpx

Барбара и Џон Кокран ќе говорат за влијанието на социјалните медиуми на изборите во САД

-

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, утре, со почеток во 14.30 часот, во ГЕМ-клубот во Скопје, организира јавна дискусија со врвни американски новинари на тема „Можат ли социјалните медиуми да влијаат врз изборите во САД?“.

Настанот ќе почне со кратка презентација на наградуваните новинари од САД, Барбара и Џон Кокран, по што ќе следува дискусија со учесниците, активни корисници на социјалните мрежи од Македонија.

Барбара Кокран е професор на Факултетот за новинарство во Мисури. Таа целата своја кариера ја има поминато во Вашингтон, а била и претседател на „Ар-ти-ди-ен-еј“ (Radio Television Digital News Association). Била и извршен уредник на „Вашингтон стар“, како и потпретседател на националното јавно радио „Ен-пи-ар“ (National Public Radio).

Џон Кокран е пензиониран телевизиски новинар, кој ги познава сите претседатели на САД од Двајт Ајзенхауер наваму. Почнал да работи во „Еј-би-си њуз“ во 1994 година, како главен репортер од Капитол хил. Пред да работи во „Еј-би-си“ работел за „Ен-би-си“, покривајќи ја работата на администрациите на Реган, Џорџ Буш, Никсон, Форд и на Картер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...