fbpx

Барање заговори по секоја цена

-

[Рецензија: Филипче ја вакцинира внуката со игла со капаче…]

 

На социјалните медиуми корисниците често знаат произволно да толкуваат официјални вести, информации и фотографии, а притоа не помалку често, од тоа да произлезат лажни вести. Таков е и случајот со објавата на социјалната мрежа „Твитер“, која е предмет на оваа рецензија.

Линк до оригиналниот напис: Филипче ја вакцинира внуката со игла со капаче…

Датум и време на објавување: 11.1.2019

Датум на рецензирање: 15.1.2019

Рецензент: Симона Атанасова

На оригиналната фотографија е министерот за здравство Венко Филипче, кој со оваа фотографија, на која се вакцинира мало бебе, инаку негова внука, ги поттикнува родителите да си ги вакцинираат своите деца.

Но, на твитот, кој е проблематичен, споделена е оригиналната фотографија, но и зумирана верзија, чија цел е да се покаже дека бебето, всушност, не се вакцинира затоа што на иглата има „капаче“. Ова е неточно и произволно тврдење без аргументи.

View image on TwitterView image on Twitter

Персона нон Плата@bojankuk

Фичипче ја вакцинира внуката со игла со капаче… Не прееба кој стигна и напрае будала од нас.
Кирацоски, Данска а сега и овој…
Гаси светло!

72 people are talking about this

Не станува збор за капаче, туку за адаптер, кој овозможува иглата да се закачи за шприцот со кој на детето му се дава вакцината. Во случајов се користи мала игла за бебиња поради што таа не се гледа на сликата, туку се гледа адаптерот за кој e погрешно констатирано дека е капаче. Еве како изгледа шприц за вакцинирање деца.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со овој твит се креира лажна реалност дека министерот за здравство само во јавноста е заговорник на вакцинирањето а, всушност, не си ја вакцинира вистински внуката.

Реализацијата на ваквиот „заговор“ би требало да ги вклучи и медицинската сестра, оној што ја направил фотографијата, другите присутни во амбулантата, родителите на детето и ПР-тимот на министерот, кој ја сподели сликата на социјалните мрежи. Испаѓа како небаре сите овие лица да се здружиле за да ја измамат јавноста.

Всушност, секој што примил вакцина, однел дете на вакцинирање или видел како изгледа вакцина за деца, ќе сфати дека ова е ширење лажна вест по социјални мрежи. Но, твитот намерно или ненамерно оди во полза на т.н. антиваксер-движење, кое се спротивставува на вакцинирањето во целост или бара тоа да се спроведе поинаку, а притоа се шират и невистини,кои вакцинирањето го обвинуваат како причина за појава на одредени болести или медицински состојби без никакви докази. Невистините за штетноста на вакцините понекогаш се шират дури и од геополитички причини. Наспроти огромниот број студии направени во текот на целиот минат век, сепофатни ресурси (како овој од Универзитетот во Оксфорд) и написи објавени во меѓународните научни списанија (како магазинот Science, чии написи се линкувани овде), кои покажуваат дека вакцинирањето е заслужно за спречување на појавата на редица болести кај децата. Од друга страна, пак, скепсата кон вакцините води кон зголемен број заболувања, кои лесно би се спречиле со употреба на вакцини.

За разлика од новинарството, кое подлежи на професионални правила и почитување на етички кодекси, објавувањето содржини од каква било природа на социјалните мрежи не е предмет на никакви уредувачки филтри, освен, во многу ретки инстанци, кои ги предвидела компанијата сопственик на конкретната социјална мрежа. Токму затоа на социјалните мрежи може да се најде сè и сешто. Слободата на изразување е загарантирано право на секој граѓанин во демократските земји. Токму затоа и нема закон што може да ја ограничи, освен кога станува збор за предизвикување општа опасност, клевета и навреда, говор на омраза и уште неколку инстанци за кои законодавецот решил дека придобивките се многу помали од опасностите што таквото изразување ги носи со себе. Токму затоа, обврска на сите нас е да се бориме против злоупотребите на слободата на изразување, каков што е случајот овде, преку разобличување на невистините и промовирањето проверени информации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...