Профитабилноста на банките во Македонија во првиот квартал од 2015 година е значително повисока во однос на првиот квартал од 2014 година.
– Добивката по оданочувањето остварена во првиот квартал од 2015 година е поголема за 178,2 милиона денари или за 43 проценти, во споредба со добивката остварена минатата година. Најизразено позитивно влијание врз профитабилноста имаат зголемените други приходи и намалените каматни расходи – се вели во извештајот за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал во 2015 година.