fbpx

Бандера близу Благоевград е адресата на илјадници Македонци со бугарски пасоши

-

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“. Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари.

Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса на државјаните на Македонија кои побарале уверение за бугарско потекло.

– Илјадници луѓе се регистрирани на оваа бандера – објаснува поранешната директорка во министерството за правда за „ЕУ Обсервер“.

Во октомври бугарската полиција уапси неколку видни имиња, меѓу кои и Петар Харалампиев, директорот на на државната Агенција за Бугарите во странство. Но Матева вели дека со неговото апсење ништо не престанало и сè уште се плаќа од 500 до 7.000 евра, и тоа не само од измамниците, туку мито се бара и од луѓе на кои им е целата документација средена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...