fbpx

Бан Ки-мун: Прекинот на огнот во Сирија е долгоочекувана надеж

-

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, го поздрави договорот помеѓу САД и Русија за прекин на огнот во Сирија, оценувајќи дека тој претставува долгоочекуван сигнал за надеж за сириските граѓани.

„Договорот, пред сè, е долгоочекуван сигнал за надеж за сириските граѓани кои пет години чекаа за нивните страдања да бидат завршени“, се вели во соопштението на Бан Ки-мун.

Тој апелираше до сите вклучени страни во сирискиот конфликт да го почитуваат постигнатиот договор и додаде дека преостанува уште многу работа за тој да биде целосно применет.

Бан Ки-мун оцени дека договорот придонесува да се создадат услови за повторен почеток на политичките преговори за Сирија, кои беа прекинати на почетокот од овој месец.

Стејт департментот денеска соопшти дека САД и Русија постигнаа договор за престанок на огнот во Сирија, кој ќе стапи на сила на 27 февруари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...