fbpx

Балканските земји бараат СБ и ЕИБ повеќе да финансираат во новите хидроелектрани

-

Државните електростопанства на земјите од Балканот бараат од меѓународните финансиски институции, како Светската банка (СБ) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) повеќе да ги финансираат новите проекти за изградба на хидроелектрани на Балканот.

Ова било истакнато на дебатата на конференцијата „Хидроенергија Балкан 2017“ (Hydro Power Balkans 2017) која се одржа во Подгорица, Црна Гора, на која се дискутирало за проблемите во планирањето и изградбата на нови хидроелектрани, соопштија од „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), чии претставници учествувале на конференцијата.

„Учесниците од земјите од регионот се согласија дека е потребно забрзување на сложениот процес на усогласување на дел од локалните закони со законите на Европската Унија, во делот на заштитата на животната средина, бидејќи меѓународните финансиски институции влегуваат во финансирање само на проекти за нови хидроелектрани кои ги запазуваат високите стандарди на ЕУ за заштита на околината“, стои во соопштението.

Претставниците на ЕЛЕМ на конференцијата ја истакнале нужноста од инвестирање во производството на овој вид електрична енергија, како чиста и долгорочно најисплатлива, и во таа насока ги презентирале идните развојни проекти, хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“ и дел од Вардарска Долина.

„Со оглед на тоа што овие проекти не се наоѓаат во заштитени подрачја за кои важат посебни одредби, истите предизвикаа интерес кај меѓународните инвеститори, како и кај производителите на опрема, присутни на конференцијата“, велат од ЕЛЕМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...